Македонија

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација, нека им е со среќа

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот рече:

„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ, сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многудобро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста”.

Освен за министерот Тошковски, од „Европскиот фронт“ вчера поднесоа интерпелации и за неговиот заменик Астрит Исени, како и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ.

На почеток