Падна Владата во Франција

Од
Објавено на

Опозицијата во францускиот парламент изгласа недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет.
Барние беше премиер само три месеци. Владата падна со поддршка од 331 пратеник, меѓу кои и екстремната десница и левицата. Ова дополнително ја продлабочи политичката криза во земјата.
Францускиот претседател Емануел Макрон сега мора да именува нов премиер. Нови избори може да се одржат најрано до јули 2025 година.
