Свет

Биткоинот за првпат го надмина плафонот од 100.000 долари

Биткоинот за првпат ја проби границата од 100.000. Ова се должи на изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД кој ги поттикна очекувањата дека неговата администрација ќе создаде подобра регулаторна средина за криптовалутите.

Биткоинот инаку оваа година се зголеми повеќе од двојно и порасна за околу 45 отсто во четирите недели од убедливата изборна победа на Трамп.

Последниот пораст доаѓа откако Трамп го избра Пол Аткинс за шеф на американската Комисија за хартии од вредност, номинација која крипто индустријата ја гледа позитивно.

Трамп го прифати дигиталниот имот за време на неговата кампања, ветувајќи дека ќе ги направи Соединетите држави „крипто главен град на планетата“ и ќе акумулира национална понуда на биткоин.

Милијардерот Илон Маск, главен сојузник на Трамп, исто така е поборник за криптовалути.

На почеток