Македонија

Целта беше да имаме жестока реакција на МВР, не дај Боже да се случеше да имаме и починати, рече Мицкоски за палењето знамиња

Целта на палењето македонски, па албански знамиња била да има жестока реакција на МВР, па доколку има починати, да има тензии, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека за ова не треба лидерска средба, а може да има поединечни средби.

„Јасен беше мотивот за инспеираторите. Видовме дека дел се блиски до политичари и политички партии кои сега се опозиција. Оперативните информации исто така со многу докази даваат одговор на тоа кој стои во Скопје и Куманово, за организирањето, која е целта. Јасна е состојбата, таа е под контрола. Целта беше да имаме жестока реакција на МВР, не дај Боже да се случеше да имаме и починати, па да има конфликт и тензии“, рече Мицкоски.

Посочи дека ги разбира граѓаните, а им честиташе на МВР.

„Со одредена реакција беше изолирана групата која сакаше да прави вакви инциденти, а тие кои го прекршија законот, се под кривичен или прекршочен прогон. Треба да се навикнеме дека вака треба да функционираме во периодот кој среди. Не смее да дозволиме на овие инспиратори да победат. Јас ја разбирам емотивната реакција ја јавноста, но ние мора да обезбедиме мир“, додаде Мицкоски.

На почеток