Македонија

Можеби ќе се забранат телефони во училиштата, по „Тик-ток“ трендот каде има повредени

Почнуваат претплатите за FB, TikTok и Instagram: Ќе платите ли за нив?

Министерката Весна Јаневска упати повик кон учениците, родителите и наставниците, децата да се насочуваат кон поинакви, образовни предизвици. Ова доаѓа откако започна тик-ток тренд од кој 11 деца биле поврени само во Скопје, а истото се случува и ширум светот.

„Ги повикувам средношколците наместо да имаат Тик-ток натпревари, да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните ние во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало и во други средини. Децата треба предизвици да прифаќаат во образование и наука, а нивните родители заедно со наставниците да ги насочат кон тоа“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Од 11-те деца кои досега завршиле во градската болница во Скопје, повеќето се со набиеници, но две од нив завршиле и со скршени раце.

На почеток