Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на скијачките центри ќе се зголемува
Продолжува периодот во Македонија на многу променливо време, со серија на влажни воздушни бранови од запад, кои ќе условуваат повремнени врнежи од дожд, а на планините, во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег. На планините и на Скијачките центри постоечката снежна покривка повремено ќе се зголемува.
Повремено врнежите во следниот период ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и денес попладне и навечер ќе биде од северен, а утре (недела) од јужен и од југоисточен правец.
Во Скопскиот регион исто така продолжува периодот на променливо време со повремени врнежи од дожд, а на околните планини повремено ќе врне снег. До крајот на денешниот ден ќе засилува ветер од северен, а утре (недела) од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски особено во утринските часови и утре (недела) ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3, додека максималните дневни до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Утре (недела) тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Сепак, утре попладне и навечер ќе има нови врнежи од дожд, и снег на планините и на Скијачките центри, каде снежната покривка повторно ќе се зголеми. Снежната граница повторно во западните предели би можела да се спушти до околу 1000 метри надморска височина, со што снег се очекува да врне и на повисоките места.