Свет

(Видео) Погледнете го моментот кога сириските бунтовници упаднаа во палатата на Асад: Се слушаат истрели и извици „Алаху Ак“

Сириските бунтовници утринава објавија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на претседателот Башар ал Асад. Оваа порака ја пренесе државната телевизија по молскавична офанзива која го изненади светот. Премиерот на Сирија најави дека е подготвен да соработува за мирен трансфер на власта и повика на одржување слободни избори.

Рано утрово бунтовниците влегле во претседателската палата во Дамаск извикувајќи „Господ е најголем“, изјавиле очевидци за агенцијата ДПА.

Командата на сириската државна армија ги известила војниците дека повеќе не се во служба, јавуваат странските агенции, повикувајќи се на воени извори. Според истите извори, војниците ќе бидат вратени на должност само доколку има потреба од тоа.

Оваа пресвртница доаѓа по неколкумесечниот конфликт во сириската граѓанска војна, која трае од 2011 година. Војната ескалира кон крајот на ноември, кога бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија. За време на брзото напредување, бунтовниците ја презедоа контролата врз клучните градови Алепо, Хама и Хомс, што кулминираше со влегувањето во Дамаск доцна синоќа.

Башар ал Асад, кој за време на неговото владеење брутално ги потиснуваше сите форми на несогласување, сега е во бегство, додека армијата е оставена без наредби и распуштена. Бунтовниците тврдат дека го освоиле главниот град без отпор, што го сигнализира крајот на повеќедецениското владеење на семејството Асад.

На почеток