Промени тема
Контакт

САД ги укинаа санкциите кон Сирија, Дамаск ѝ се приклучува на меѓународната коалиција против ИД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library57086u3553pje5f7Ula
YouTube/Print Screen

САД привремено ги суспендираа санкциите кон Сирија, воведени според Законот „Цезар“, за период од 180 дена, соопшти американското Министерство за финансии по средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и сирискиот лидер Ахмед ал Шара во Белата куќа. Во соопштението се наведува дека дел од рестрикциите остануваат во сила, особено оние што се однесуваат на трансакции поврзани со Русија и Иран.

Истовремено, Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, потврди сирискиот министер за информации Хамза ал-Мустафа. Со тоа, Сирија станува 90-та членка на коалицијата што има за цел елиминирање на последните упоришта на ИСИС и запирање на приливот на странски борци.

— реклама —
— реклама —

Министерот ал-Мустафа изјави дека потпишаниот документ се однесува на политичка соработка со коалицијата и не содржи воени компоненти.

— реклама —

Законот „Цезар“, донесен во 2020 година, беше насочен против режимот на Башар ал Асад и сите што соработуваат со него, особено во секторите на енергетика, градежништво и финансии. Новата одлука на Вашингтон го заменува претходниот шестмесечен прекин на санкциите воведен во мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8l00d8ncqdmsaT5wGXl

Кушнер откри што го кочи мировниот договор меѓу Киев и Москва

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Трамп до Зеленски: Престанете да го уништувате дизелот во Русија

Свет | пред 16 часа

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иран веројатно е одговорен за нападот врз клучниот нафтовод во Саудиска Арабија

Свет | пред 1 ден

kuli-bliznacki

25 години од терористичкиот напад на Кулите Близначки во Њујорк

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања