Времето оваа недела: подгответе се за магла, а и снег


Во текот на новата седмица во Македонија ќе имаме променливо време со сончеви периоди, а ќе биде претежно тивко. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег.
Сепак во текот новата седмица во котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, која понекаде, особено во Скопскиот регион и во котлините Долж Повардарието ќе се задржи и во поголемиот дел од денот и истата ќе условува пониски температури на воздухот.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, локално и под нулата, особено на повисоките и планинските места, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски, особено од средината на седмицата кога ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.
Се на се, во текот на седмицата која ни претстои не се очекуваат некои нови пообилни врнежи од дожд и снег, освен од средината на истата кога ќе бидеме под влијание на поладен воздух од север.
