Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Француски министер: Настаните во Сирија се зачудувачки пораз за Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Франција ќе ја поддржи политичката транзиција во Сирија по падот на Башар ал Асад и во наредните денови ќе испрати специјален дипломатски пратеник во земјата, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

— реклама —

Сириските бунтовници вчера без отпор го зазедоа главниот град Дамаск по молскавичното напредување што го натера претседателот Асад да побегне во Русија по 13 години граѓанска војна и шест децении автократско владеење на неговото семејство.

— реклама —

Настаните во Сирија се неверојатен пораз за Русија, изјави Баро за радиото Франс Инфо, бидејќи Москва сега може да го изгуби пристапот до воените средства што ги има во арапската земја.

— реклама —

Молњачкиот воен напредок на бунтовничката алијанса предводена од групата Хајат ал Тахрир ал Шам (ХТС) означи една од најголемите пресвртни точки за регионот во последните генерации.

— реклама —

Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Турција, и Обединетите нации ја сметаат ХТС за терористичка група, но Велика Британија најави дека овој статус на ХТС може да се промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Франција изненадена од Трамп: „Не сме ја смениле позицијата“

Свет | пред 2 дена

media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI

Скандал во Париз: масони, разузнавачи и полицајци дел од криминална мрежа

Свет | пред 3 дена

media-libraryeioifuilc1u60A0h4tT

Спречен напад со експлозивна направа пред банка во Париз

Свет | пред 5 дена

francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Франција ќе ја удвои својата хуманитарна помош за Либан на 17 милиони евра

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања