🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
panchetosh

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на 12 Регионален координативен состанок за имплементација на Патоказот за контрола на мало и лесно оружје во Западен Балкан.

— реклама —

Министерот Тошковски изрази уверување дека овие состаноци регионално ниво поттикнуваат не само продлабочување на регионалната соработка во развојот на вештини и координацијата во борбата против недозволена трговија и нелегално поседување огнено оружје, туку и посилна соработка со Европската унија, нејзините земји-членки, агенциите на Европската унија, како и со клучните меѓународни актери активни во областа на контрола на мало и лесно оружје.

— реклама —

„Општо познато е дека достапноста и незаконската употреба на оружјето ја поткопуваат правдата, ја зголемуваат стапката на криминалот и ризиците од насилство и влијаат на стабилноста на нашите земји. Од неопходна важност во оваа насока е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето, преку утврдување на процедури и механизми. Токму оваа цел ја имаше претходниот Патоказ чиешто спроведување покажа дека и покрај остварениот напредок и вложени напори, останува уште значителен дел од работата кој треба да се заврши со цел надлежните национални тела да ги достигнат највисоките стандарди и да се обезбеди ефикасна контрола на огненото оружје“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека предизвикот на една од нашите земји е предизвик на сите нас и затоа овој Патоказ е регионален, со утврдени недостатоци и цели за надминување на истите, идентификувани добри пракси и модуси за нивно постигнување, воведени стандарди и препораки за нивно исполнување.

„Од овој аспект, како навистина успешен се покажа холистичкиот пристап кој го воведе SEESAC во контролата на малото и лесно оружје. Неговата успешност се огледува и во фактот што пред неполни два месеци, ние – Министрите за внатрешни работи од Западен Балкан го усвоивме новиот „Патоказ за одржливо решение за недозволено поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција 2025-2030“. Но ефектот од досегашното спроведување на Патоказот под координација на (СЕЕСАК) се должи во голема мера и на одржувањето и ефектуирањето на соработка и партнерства со сите постојни меѓународни и европски чинители активни во оваа област“, нагласи министерот Тошовски.

Тошковски на крај изрази уверување дека она што ќе следува во петте следни години на негово спроведување, не смее да биде ништо помалку од работа и посветеност на процесот, имајќи предвид дека тоа во голема мера ќе ги олеснува и насочува тековните напори за исполнување на клучните безбедносни стандарди за членство во Европската унија.

Министерот Тошковски на маргините на регионалниот координативен состанок оствари и билатерална средба со Бојана Балон, раководител на (СЕЕСАК) - Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје на Југоисточна Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

toskovski

Министерот Тошковски имал успешна операција на скопските клиники: „МВР функционира без застој“

Македонија | пред 1 месец

media-library2tg12q3i6ual5fIJ9Bi

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Македонија | пред 2 месеци

TOSE-FB

„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“ - Зафиров предупредува на егзодус од Македонија

Македонија | пред 5 месеци

toskovski-sednica

Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања