Промени тема
Контакт

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

На новинарско прашање за најновиот случај на семејно насилство, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека се уште не е запознаен со сите детали, туку само дека насилникот е задржан, и притоа укажа дека тоа не е единствениот случај, туку е уапсено уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.

„За конкретниот случај којшто е настанат во текот на вчерашната вечер, сум информиран накратко од страна на началникот на СВР Скопје пред да отпочне овој настан.

— реклама —

Знам дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица, и за истиот ќе се преземаат дејствија согласно она кое што го имаме утврдено како фактичка состојба првично. Битно е дека во конкретната ситуација за среќа немаме смртни последици. Повеќе детали не би сакал да споделам во овој момент, и јас ги немам сите детали.

— реклама —

Знам само дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица и за истиот согласно оваа информација која ќе им биде процесуирана итна постапка за негово спроведување во рамки на судските постапки.

— реклама —

Во текот на вчерашната вечер има уште еден случај којшто е поврзан со семено насилство. Како што сум информиран, имаме уште еден насилник којшто е задржан во рамки на полициска станица и за овој случај ќе се постапува во соработка со јавното обвинителство“, вели Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcq8drm6i0nk1loTUsv

(Видео) Тошковски за случајот со Неделковски: „Секој што сторил прекршок треба да биде санкциониран“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Тошковски: СДСМ, ДУИ и Левица координирано работат против мене

Македонија | пред 3 месеци

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Македонија | пред 6 месеци

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања