(Видео) Ковачевски е надвор од земјата, очекувам уште денеска да биде вратен, кажа Мицкоски
Премиерот Хистијан Мицкоски потврди дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од земјата, но рече дека уште денеска ќе биде вратен за да одговара за криминалот за кој се терети.
„Очекувам уште денеска да го обезбедиме неговото враќање. За него и за сите 23 лица кои се обвинети за криминал во ЕСМ, институциите имаат обезбедено докази за кои јавноста ќе биде информирана. Овие 23 лица се обезбедени пред правдата за да дадат одговор за основаните сомневања кои се обезбедени“, рече Мицоски.
Премиерот кажа дека според информациите кои тој ги има, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и други правни лица кои управуваат со други правни субјекти кои се здружиле и за кои постои основано сомневање дека направиле криминал од 6,5 милиони евра.
„Многу докази се обезбедени, но тоа ќе го оставам на јавното обвинителство и потоа на судовите. Тоа што е најдено е загрижувачки“, додаде Мицкоски.
Тој рече дека владата нема да прави циркус и естрада од криминалот, но рече дека јавноста ќе биде навреме информирана за обезбедените докази.
„Владата и јас бевме обвинувани дека не сме преземале акции за обезбедување на лица за криминал. Ние сакаме сѐ да си оди според правдата со обезбедени докази. Сето она што го зборувавме за сторен криминал, ќе биде на јавноста познато и сите докази ќе бидат обезбедени“, изјави Мицкоски и најави нови случаи во наредниот период.