Македонија

„Нема ништо да се случи утре, иако ДУИ кампуваат пред Уставен суд“

Никаква одлука не е возможно да се донесе утре од Уставниот суд, за да ДУИ чува било каква стража. Ова е заклучокот од одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на поставено новинарско прашање поврзано со Законот за јазици. Според него, на ДУИ многу им е јасно како функционира судот.

„Во ДУИ точно знаат дека за да дојдеме до конечно решение, какво и да е, најпрвин треба надлежниот судија да им објасни на колегите, па следува јавна дискусија и расправа и подготвителна седница. Уставниот суд може да работи на Законот за јазици неколку месеци, па и години. Нивната цел беше сега, како политички глодари да начекаат и да видат дека „еве сега знаеме како одат процедурите и ние ќе правиме политички притисок“. И кога утре ништо нема да се случи, да излезат во јавноста и да кажат, еве, поради тоа што ние правевме притисок, се одложи сето ова. Ним многу им е јасно како функционираат работите. Ги молам нашите сограѓани Македонци, Албанци и сите да бидат смирени, целата работа е под контрола и да не дозволиме да наседнуваме на провокациите на овие луѓе. Не ни е потребно. Тие луѓе завршија на 8 мај. Ништо нема да се случи. Целата ситуација е под контрола – рече Мицкоски.

На почеток