Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кси ја одби поканата на Трамп за инаугурацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ksi

Кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп следниот месец, и покрај тоа што доби лична покана од Трамп по денот на изборите, пишува Newsweek.

— реклама —

Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да го претставуваат Пекинг на настанот на 20 јануари, во согласност со стандардниот дипломатски протокол. На делегацијата би можеле да и се придружат и други кинески претставници, но не и претседателот.

— реклама —

Кинеската амбасада во Вашингтон и тимот на Трамп одбија да ја коментираат одлуката на претседателот.

— реклама —

Кси Џинпинг, претседател на Народна Република Кина и генерален секретар на Кинеската комунистичка партија (ККП), често е во центарот на глобалното внимание. Тој е познат по концептот на кинескиот сон, кој се однесува на враќање на националната гордост и постигнување економска и политичка доминација и борба против корупцијата. Владеењето на Кси Џинпинг е обележано со истовремен економски раст и растечки авторитаризам, што значително влијае на Кина и на светот.

— реклама —

Трамп ја упати поканата до Кси и покрај неговата неодамнешна најава дека има намера да воведе големи царини за кинески стоки, повеќе од 25 проценти што планира да ги воведе на Мексико и Канада. Царините за Мексико и Канада се дизајнирани да ја запрат илегалната миграција и шверцот на фентанил во САД. Идната портпаролка на Трамп, Каролин Левит, рече дека повикот е пример за тоа дека претседателот Трамп воспоставил отворен дијалог со лидерите на сите земји, не само со оние кои се сојузници на Америка, туку и со противници или конкуренти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп создаде најголем проблем по пандемијата и сега бара друг да го реши

Свет | пред 2 часа

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп: Би направил многу повеќе ако бев крал

Свет | пред 15 часа

media-library8pbmu0t3950a3fJ2Icl

(Видео) Советничка на Трамп го спореди со Исус, следуваа остри реакции

Свет | пред 15 часа

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп се заканува со излегување на САД од НАТО: Што би значело тоа за Европа?

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања