Викенд временска: Ладен бран, дожд, снег, северен ветер и зголемување на снежната покривка


Од денес (сабота) попладне, до утрешната ноќ, кон понеделник под влијание на влажна и ладна воздушна маса од север, во Македонија ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните предели (над 20 литри воден талог на метар квадратен), На планините, а утре (недела) и на повисоките места особено во западните и во северните предели со надморска височина до околу, па и под 1000 метри ќе има и повремен снег.
На планините постојната снежна покривка ќе се зголеми. Денес (сабота) повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец, а утре (недела) од попладневните часови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, а наутро пак ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени.
Во Скопскиот регион исто така ќе има повремени врнежи од дожд, а утре (недела) на околните планини ќе има повремен снег, а накратко, услови за слабо провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината. Денес (сабота) ќе засилува ветер од југоисточен правец, додека утре (недела) попладне и навечер повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во Скопскиот регион овој викенд температурата наутро ќе се спушта до околу 3 степени, а максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, меѓутоа утре (недела) попладне и навечер дополнително ќе опадне.
