Македонија

Tригодишно дете затруено со таблети

Tригодишно дете затруено со таблети вчера било однесено во кумановската Општа болница, информираат од СВР Куманово.

Детето било однесено во болница во 17:08 часот и му била укажана лекарска помош.

„Вчера, во 17:08 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово, било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово кое било затруено откако испило поголема количина таблети“, велат од полицијата.

Од полицијата велат и дека службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток