(Видео) Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град, туку го уништува и тоа што Центар го постави, обвини Герасимовски
Горан Герасимовски, градоначалник на Центар, го обвини Град Скопје кој го раководи Данела Арсовска дека ги уништува празничните украси на неговата општина, откако ги оставиле скопјани без новогодишна магија.
„Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град за Нова Година, туку сега и го уништува тоа што општината го украси! Камионот на ЈП Комунална Хигиена, под ингеренции на Градот, помина низ Центар, ги искина сијаличките и продолжи како ништо да не се случило. Ова ли е одговорно однесување кон празничната атмосфера?“, вели Герасимовски.
Инаку, до овој момент, неколку пара на сијалични се закачни на Рекорд и плоштадот. Булеварите останаа без светилки, а дел од скопјаните имаат низа забелешки поради тоа.
Молкот и нетранспарентноста е одлика од Град Скопје изминатите години. ПР секторот во нашиот случај, е активен само кога Данела Арсовска се расправа со неистомисленици преку соопштенија. Па така, неодговорени останаа прашањата колку чјни годинешното украсување, како е завршена набавката кога нема тендер, до кога ќе е завршено украсување на скопските улици, но и каде се ланските светилки со кои се фалеше Арсовска. Поради информациите дека ланските украси „исчезнале“, прашавме, и дали е точно, како и чија е вината. Добивме – ингорирање.