Неколку улици во Центар утре без вода поради уличен дефект
Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил од 80 милиметри на улицата „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, кај маркетот „ДИМ“, утре (сабота, 14 ноември) од 09:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Општина Центар.Без вода ќе бидат корисниците на улиците „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, „Славко Јаневски“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“.Информацијата е соопштена од ЈКП „Водовод и канализација“.
Скопје | пред 6 дена