Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.

— реклама —

Од Општината информираат дека од почетокот на годината е реализирана редовна пролетна дератизација на целата територија, како и две вонредни акции на места каде што бил забележан поголем број глодари. Во октомври е планирана и редовната есенска дератизација.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека службите ја следат состојбата и реагираат кога е потребно, но посочува дека дератизацијата сама по себе не е доволна за трајно решавање на проблемот.

— реклама —

„Последната вонредна дератизација ја спроведовме пред само еден месец, а во понеделник повторно излегуваме на терен. Редовно преземаме мерки, но мора да се отстранат и причините што создаваат услови за појава на глодари. Нередовното чистење на контејнерите и натрупувањето отпад се сериозен проблем“, изјави Герасимовски.

— реклама —

Тој апелира до граѓаните редовно да ги одржуваат дворовите, подрумите и заедничките простории во станбените објекти и да не оставаат отпад на несоодветни места.

Со вонредната дератизација ќе бидат опфатени шахти, просторот околу контејнерите и други ризични точки каде што е забележано или пријавено присуство на глодари.

Од Општина Центар најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжи засиленото следење на состојбата на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања