Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нов изглед на детското игралиште зад Универзалната сала, поставени четири тобогани и нови реквизити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Скопје
media-libraryk940tn4ot4k784YSFXR

Детското игралиште зад Универзалната сала во општина Центар доби целосно нов изглед. Најмладите жители сега имаат современ и безбеден простор за игра, рекреација и дружење, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

— реклама —

На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се и нова заштитна подлога и ограда, а обновена е урбаната опрема. Поправени се двете клупи, поставени се корпи за отпадоци, а целосно е реновирана и двојната лулашка.

— реклама —
— реклама —

„Центар доби уште едно убаво и безбедно место за игра и дружење на најмладите. Со обновувањето на детските игралишта вложуваме во посреќно детство и подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни“, порача Герасимовски.

— реклама —

Градоначалникот апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат новопоставените реквизити и урбаната опрема, нагласувајќи дека заедничката грижа е важна за игралиштата да останат уредени, функционални и безбедни за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrdhh28j0q28q4J5G5JM

(Видео) „Од бесплатен оброк за сите ученици до субвенција од 1.000 денари – уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС“, вели Ристовска Додевски

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5173c35iblrt2B88eEX

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола

Скопје | пред 1 седмица

media-library3ge82gtdb3qa0MSxlj3

Центар поставува 20 контејнери за текстилен отпад пред училишта и градинки

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања