Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?“, вели Бојаџиева Марковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryf4mp93l6bijj0gST1wh

Неконтролираната градежна експанзија и недостигот од јавни простори, градинки и услови за нормален живот се главните забелешки што ги упати Стефанија Бојаџиева Марковска, членка на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, обраќајќи се од улицата Водњанска.

Таа оцени дека Водно сè повеќе се претвора во бетонска населба, со згради што се градат една до друга, додека зеленилото и просторот за децата стануваат сè помалку достапни.

— реклама —

Бојаџиева Марковска побара градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, да одговори дали ги согледал проблемите со кои се соочуваат жителите и дали разговарал со родителите за недостигот од места во градинките и во училиштето „Кочо Рацин“.

— реклама —

Таа праша каде се конкретните проекти, роковите и решенијата за подобрување на условите за живот, нагласувајќи дека граѓаните не можат да се задоволат само со прес-конференции и ветувања.

Според неа, проблемите не се ограничени само на Водно, туку се присутни и во другите делови на Центар. Таа обвини дека наместо заштитата на јавниот простор, зеленилото и животната средина, приоритет добиваат градежните интереси и партиските приходи.

— реклама —

„Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање“, порача Бојаџиева Марковска.

— реклама —

Таа истакна дека градоначалникот треба да го штити јавниот интерес, а не да ја промовира градежната експанзија, додавајќи дека Центар не смее да се претвори во општина со многу станови, но недоволно училишта, градинки и простор за живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања