Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Од бесплатен оброк за сите ученици до субвенција од 1.000 денари – уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС“, вели Ристовска Додевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Скопје
media-libraryrdhh28j0q28q4J5G5JM

Советничката во Општина Центар и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Диана Ристовска Додевски, го обвини градоначалникот Горан Герасимовски и СДС дека не го исполниле ветувањето за бесплатен оброк за сите ученици, туку наместо тоа предвиделе субвенција од 1.000 денари по ученик.

— реклама —

Според неа, еден оброк чини околу 2.500 денари, а разликата до целосниот износ ќе ја покриваат родителите. Таа оцени дека станува збор за делумно субвенционирање, а не за бесплатен оброк, како што било најавено пред изборите.

Ристовска Додевски посочи и дека Општина Центар среде ноември ја менува Програмата за образование, при што средствата за мерката „Бесплатен оброк за сите ученици“ се намалуваат од првично предвидените 15 милиони на осум милиони денари.

— реклама —

Таа побара одговор каде ќе бидат пренаменети преостанатите седум милиони денари и зошто се намалуваат средствата наменети за учениците. Според неа, родителите заслужуваат транспарентност и јасни информации за начинот на спроведување на мерката.

— реклама —

Ристовска Додевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи субвенционираниот оброк доколку тој им помага на учениците и ги намалува трошоците на семејствата, но побара објаснување зошто родителите повторно треба да ја покриваат разликата во цената.

Таа потсети дека ветувањето за бесплатен оброк се најавува уште од 2021 година и оцени дека неговото постојано менување ја доведува во прашање реализацијата на преземените обврски кон граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5173c35iblrt2B88eEX

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library3ge82gtdb3qa0MSxlj3

Центар поставува 20 контејнери за текстилен отпад пред училишта и градинки

Скопје | пред 2 дена

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 3 дена

media-libraryabonbspstph5fb4MIdx

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања