Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Скопје
media-library5173c35iblrt2B88eEX

Вкупно 149 млади жители на Општина Центар од почетокот на годината до крајот на октомври добиле финансиска поддршка од 10.000 денари за обука и полагање возачки испит за Б-категорија.

— реклама —

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општината продолжува со спроведувањето на оваа мерка, чија цел е да им помогне на младите и нивните семејства да ги намалат трошоците за стекнување возачка дозвола.

— реклама —

„Ме радува што сè повеќе центарци ја користат оваа можност. Со субвенцијата од 10.000 денари им помагаме на семејствата да ги намалат трошоците, а младите ги охрабруваме да станат одговорни и совесни возачи“, изјави Герасимовски.

Право на финансиска поддршка имаат младите родени во 2006, 2007 и 2008 година. Новина оваа година е што средствата може да се исплатат и на трансакциската сметка на родител, а не само на сметката на барателот.

— реклама —

За аплицирање потребни се барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за уплата во автошкола и потврда дека автошколата е регистрирана на територијата на Општина Центар.

— реклама —

Заинтересираните барањата можат да ги достават во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ge82gtdb3qa0MSxlj3

Центар поставува 20 контејнери за текстилен отпад пред училишта и градинки

Скопје | пред 21 час

— реклама —
media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 2 дена

media-libraryabonbspstph5fb4MIdx

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Скопје | пред 5 дена

media-libraryahcq6ehhdim83wRKPi4

Двојна прослава во Скопје: Центар и Гази Баба слават 50 години од основањето

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања