Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Центар поставува 20 контејнери за текстилен отпад пред училишта и градинки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Скопје
media-library3ge82gtdb3qa0MSxlj3

Општина Центар започна со поставување специјализирани контејнери за селектирање текстилен отпад пред основните училишта и детските градинки, во соработка со лиценцираната компанија „Еко-текс груп“. Предвидено е да бидат поставени вкупно 20 контејнери на различни локации во општината.

— реклама —

Првиот контејнер е поставен пред Основното општинско училиште „Коле Неделковски“. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на иницијативата е да се поттикнат еколошките навики и одговорноста кај најмладите, но и кај останатите жители.

— реклама —

Во првата фаза ќе бидат поставени 11 контејнери, додека во втората ќе бидат поставени уште девет, со што ќе се воспостави мрежа од вкупно 20 места за одлагање текстилен отпад.

Граѓаните ќе можат да оставаат стара облека, обувки и други текстилни производи, кои наместо да завршат во комуналниот отпад, ќе бидат одделно собрани, сортирани и упатени на понатамошна обработка и рециклирање.

— реклама —

Герасимовски истакна дека преку ваквите активности децата уште од најрана возраст се запознаваат со значењето на селекцијата, рециклирањето и повторната употреба на материјалите, со што се придонесува за почиста и поздрава животна средина.

— реклама —

Од Општина Центар посочуваат дека иницијативата е дел од заложбите за одговорно управување со отпадот и спроведување практики за заштита на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryabonbspstph5fb4MIdx

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Скопје | пред 5 дена

media-libraryahcq6ehhdim83wRKPi4

Двојна прослава во Скопје: Центар и Гази Баба слават 50 години од основањето

Скопје | пред 6 дена

media-libraryf4mp93l6bijj0gST1wh

(Видео) „Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?“, вели Бојаџиева Марковска

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања