Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Втора вонредна дератизација за два месеца во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Општина Центар спроведува вонредна дератизација на повеќе локации по зголемената појава на глодари и пријавите од граѓаните.

Акцијата се реализира денеска и утре во Буњаковец, Капиштец и Градски ѕид, каде што се евидентирани критични точки.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи, но нагласи дека трајното решавање на проблемот бара поширок и координиран пристап.

— реклама —

Ова е втора вонредна дератизација што се спроведува во последните два месеца. Претходно била реализирана редовната пролетна дератизација, а претстои и есенската.

Герасимовски упати апел до Град Скопје и надлежните градски јавни претпријатија да обезбедат редовно празнење и одржување на контејнерите, како и соодветно одржување на канализациската инфраструктура.

— реклама —

„Само со дератизација не се решава проблемот. Ваквите прашања бараат системски пристап и вклучување на сите надлежни институции, бидејќи проблемот не е само во една општина, туку е поширок“, истакна Герасимовски.

— реклама —

Тој ги повика и граѓаните да ги пријавуваат појавите на глодари, за надлежните служби навреме да можат да реагираат.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат со следење на состојбата и со преземање мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryabonbspstph5fb4MIdx

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Скопје | пред 4 дена

media-libraryahcq6ehhdim83wRKPi4

Двојна прослава во Скопје: Центар и Гази Баба слават 50 години од основањето

Скопје | пред 6 дена

media-libraryf4mp93l6bijj0gST1wh

(Видео) „Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?“, вели Бојаџиева Марковска

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања