Промени тема
Контакт

ЦЕНТАР

gis-centar-696x463

ГИС порталот на Општина Центар нуди увид во ДУП-ови, инфраструктура и општински услуги

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да се регистрираат и да го користат ГИС порталот – дигитална платформа преку која на едно место се достапни општинските услуги, информации и просторни податоци.Според Герасимовски, порталот овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до актуелните информации, тековните и планираните инфраструктурни проекти, јавните повици, како и останатите активности на Општината.„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана.Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решен

Скопје | пред 2 месеци

gerasimovski-izjava

„Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно“, вели Герасимовски

Советот на Општина Центар на продолжението на деветтата седница ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за образование за 2026 година, со што се отвора патот за почеток на првата фаза од воведувањето на бесплатен училишен оброк за учениците кои посетуваат целодневна настава.Според градоначалникот Горан Герасимовски, мерката ќе се спроведува постепено. До 2028 година родителите ќе добиваат субвенција од 1.000 денари, а по истекот на постојните договори со операторите, Општината ќе распише

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава, најави Герасимовски

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, ја усвои одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, со што ќе се создадат услови сите основни училишта во општината да преминат на едносменска настава.Со доградбата ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето и ќе се обезбедат подобри услови за учениците и наставниот кадар. Истовремено, Општина Центар ќе го заокружи процесот на воведува

Скопје | пред 2 месеци

media-librarycb52ufsq620d7XtQMC7

Герасимовски: Подобри услови за учениците, во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

Во Основното училиште „Димитар Миладинов“ во Општина Центар се спроведуваат инфраструктурни зафати со цел да се подобрат условите за учениците и вработените, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски и изврши увид во текот на градежните активности, кои се реализираат во пресрет на новата учебна година.Според Герасимовски, во рамките на првата фаза се гради нова фекална канализациска мрежа, одвоена од атмосферската, со што треба трајно да се надмине долгогодишниот проблем со затнување и прелевањ

Скопје | пред 2 месеци

media-librarypuiuhdk5q9db2H8HvwT

„Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери“, најави Герасимовски

Општина Центар најави воведување нови дигитални услуги за паркирање, со кои граѓаните ќе можат побрзо и полесно да ги користат услугите, без потреба од чекање на шалтери.Според најавите, ќе бидат развиени мобилни апликации преку кои корисниците ќе можат да поднесуваат барања, да го следат статусот на услугите, да добиваат известувања и полесно да комуницираат со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апл

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryg9vrp1409p747SYSA4D

(Фото) Наместо асфалт – сообраќаен конус: Вака е „решена“ дупката кај Буњаковец

Фејсбук-страницата „Во одбрана на Буњаковец“ објави дека дупката на улицата „Владимир Полежиновски“, во близина на маркетот „Зур“, за која граѓаните претходно предупредија дека се отворила, добила необично „решение“.Во објавата се наведува дека врз дупката некој поставил сообраќаен конус, алудирајќи на тоа дека, наместо да биде санирана, таа само е обележана.Претходно, од страницата упатија прашања до надлежните институции дали се врши контрола врз тешката механизација што се движи по улиците, д

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynsusmq5lho9859hEAg1

(Фото) Буњаковец предупредува: нова дупка на коловозот, граѓаните бараат реакција

На Фејсбук-страницата „Во одбрана на Буњаковец“ е објавено предупредување дека се појавила нова дупка на коловозот кај маркетот „Зур“, на улицата „Владимир Полежиновски“, позната меѓу постарите скопјани и како „Иван Милутиновиќ“.Во објавата се поставуваат прашања до Општина Центар и општинскиот инспекторат дали се врши контрола на тешката градежна механизација што сообраќа по улиците и дали инвеститорите сносат одговорност за оштетувањето на коловозите и тротоарите.„Контролира ли некој од Општин

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryegf3t8c1pas739lVj8l

Се расчистува Кале: Собран кабаст отпад, во тек е и уредување на зеленилото

Екипите на Општина Центар веќе втор ден спроведуваат активности за собирање кабаст отпад и расчистување на поголеми количини смет на просторот на Кале, паралелно со уредување на зелените површини, објави градоначалникот Герасимовски на социјалните мрежи.Градоначалникот Горан Герасимовски информираше дека покрај отстранувањето на отпадот, на терен се врши и интензивно косење и одржување на јавните зелени површини.Акциите за собирање кабаст отпад не се ограничени само на Кале. Во тек се активности

Скопје | пред 3 месеци

media-library7eb4b3p65vmn7tvPJvk

Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“

Општина Центар продолжува со реализација на својата стратегија за енергетска независност и одржлив развој, а по поставувањето на фотоволтаични системи во основното училиште „Киро Глигоров“, наскоро вакви системи ќе добијат и училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, ова го истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think.„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уш

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

„Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститори“, вели Герасимовски

Општина Центар соопшти дека инспекциските служби, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапувале по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде било евидентирано свлечиште и оштетување на јавна инфраструктура.При увидот биле констатирани оштетувања на коловозот, тротоарите, канализациската мрежа и уличното осветлување, како и низа неправилности во изведбата на о

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryo9vl4a8g2qoq3YD2ZWq

Герасимовски: Запознајте ги хероините на градот, бесплатна тура на тема „Женското наследство во Центар"

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната едукативна тура на тема „Женското наследство во Центар“, која ќе се одржи утре, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк.Водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева, а фокусот е ставен на локации и обележја поврзани со улогата на жените во обликувањето на културниот и општествениот идентитет на градот.Прошетката

Скопје | пред 4 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Центар доделува субвенции за велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема, поттикнуваме здрави навики и еколошка мобилност

Општина Центар соопшти дека започнува со доделување субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема, со цел поттикнување на здрави навики и унапредување на еколошката мобилност во градот.Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека мерката е насочена кон намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж, нагласувајќи дека велосипедот претставува практично и здраво решение за секојдневно движење низ градот. Според него, ваквите активности придонесуваат и за подобрување на ф

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryv7cofie4acjo4VgKqRB

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

Општина Центар, со богата уметничка програма, го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На присутните се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.„Горан Стефановски е

Скопје | пред 4 месеци

media-librarypqaj0va64nps2pqErcr

(Видео) Малолетник повреден во сообраќајка во Центар, удрен со тротинет

На 24 април 2026 година околу 20:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Даме Груев“ и „Максим Горки“ се случила сообраќајна незгода.Како што информира Министерството за внатрешни работи, С.Н. (25) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, удрила во електричен тротинет управуван од 16-годишно лице.Во незгодата, малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Увид на

Скопје | пред 4 месеци

media-library2lmslun9qjfpc0OKbvK

Герасимовски: Бесплатна тура со стручен водич низ постземјотресните обележја, запознајте го Центар чекор по чекор

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до граѓаните да се приклучат на бесплатна стручна едукативна тура низ постземјотресните обележја во општината, стои во соопштение на Општина Центар.Како што информира општината, турата ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, а стартната точка е локацијата „Плочник“ кај Градскиот ѕид. Целта на настанот е запознавање на граѓаните со архитектонското и историското наследство на Центар, стои во соопштение на Оп

Скопје | пред 4 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Гeрасимовски: Центар сам ќе се грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека општината е подготвена да ја преземе грижата за јавната хигиена доколку Градот не ги извршува своите обврски, како што е наведено во соопштение.Во соопштението тој посочи дека Центар располага со капацитети и план за справување со проблемот, особено во услови на влошена состојба со хигиената.Герасимовски нагласи дека општината веќе има ангажирано околу 120 хигиеничари кои работат на терен, почнувајќи од образовните установи и про

Скопје | пред 4 месеци

media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Целосно обновено и со нов изглед, детското игралиште „Дрвен“ во Дебар Маало повторно е ставено во функција, со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите, информираа од Општина Центар.Станува збор за едно од најпознатите игралишта во овој дел од Скопје, лоцирано на улицата „Славка Недик“, кое по реконструкцијата доби современ и побезбеден изглед. Поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, додека просторот е дополнително уреден со жардињери и летниковец за одмор.Интервен

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryas63jlskaus31Vlfn0c

Нови игралишта во Центар: модерна опрема и засилени патроли против вандализам

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави интензивна пролетна реконструкција на детските и спортските игралишта, при што во фокус се „Дрвен“ во Дебар Маало, игралиштето кај КАМ маркет и локацијата „Зебра“.Во гостување на Македонска радио-телевизија, Герасимовски информираше дека игралиштето „Дрвен“ е во завршна фаза на целосна обнова, со нова подлога, урбана опрема и детски реквизити, како и поставување на препознатливата црвена канделабра и модерни клупи.Паралелно, во тек е

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryt2ivkdvufseqeQQnx6O

Градски Ѕид добива уреден рекреативен парк со детско игралиште, фитнес зона и ново зеленило

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за уредување на просторот во Градски Ѕид, зад објектот „Краш“, на потегот од Зелено пазарче до улицата „Македонија“.Во моментов се изведува битуменска хидроизолација на подземните гаражи на површина од околу 2.600 квадратни метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со протекување.Паралелно се врши и целосно поплочување на просторот со нови елементи, со што се обезбедуваат уредени и безбедни пешачки патеки

Скопје | пред 5 месеци

poc

Паркирањето во Центар за Велигден бесплатно за граѓаните

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“; и „Палома Бјанка“; каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.Согласно програмата за неработни денови за 202

Скопје | пред 5 месеци

media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „48 Часа“ истакна дека довербата што ја добил од граѓаните за втор мандат ја оправдува преку работа на терен и реализација на проекти за што има поддршка и од Советот.„Среќен сум што со Советот во овој буџет за првата година од мандатот обезбедивме средства за многу од проектите што ги ветувавме во програмата. Слободно можам да кажам дека за околу 90 проценти од проектите се предвидени финансиски средства за започнување на гол

Скопје | пред 5 месеци

media-librarytshg7d14k1o89TYVnp3

Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден

Пензионерки од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците во ООУ „Киро Глигоров“ за велигденските обичаи, фарбањето јајца и подготовките за празникот, во рамки на едукативно-креативна работилница што се одржа во пресрет на Велигден, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Работилницата е дел од поширок проект на општината за враќање на практичните вештини во образовниот процес, преку наставниот предмет домаќинство, со фокус на пренесување на традицијата и сем

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryrr7lnn1m3g261PFSNC0

Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало,  побезбедна игра за малите центарци

Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата.Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот е предвидена и изградба на нов летниковец, кој ќе овозможи дополнителен простор за одмор и др

Скопје | пред 5 месеци

media-librarykqnr33mppf5tbFUuyKG

Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај

Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“.На овој потег воведен е привремен режим на сообраќај во период од 30 дена, при што едната половина од коловозот е затворена, додека сообраќајот се одвива

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања