Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски по невремето: Работевме цела ноќ, екипите и денес се на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library7fitkb13qa17bmo98wI

Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со расчистување на последиците од силното невреме, откако во текот на ноќта интервенираа на повеќе локации низ општината.

— реклама —

Веднаш по невремето беше одржан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа испратени на терен за да интервенираат на најкритичните места.

Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населбата Пролет и околината на Соборниот храм. Интервенции имаше и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и потенцијални опасности за граѓаните.

— реклама —

„Работевме до доцна во ноќта, а уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Наш приоритет е што побрзо да ги отстраниме сите опасности и да ја нормализираме состојбата. Им благодарам на сите служби за нивната посветеност, како и на граѓаните за трпението, разбирањето и навремените пријави“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

— реклама —

Од Општина Центар ги повикуваат граѓаните и понатаму да пријавуваат паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата и други ризични ситуации, со цел службите да можат навремено да реагираат.

Воедно, од општината апелираат до жителите, доколку се во можност, да помогнат во расчистувањето на дворовите и просторот пред своите домови, за побрзо надминување на последиците од невремето.

Екипите ќе останат на терен и во текот на денот, а интервенциите ќе продолжат според приоритетите и пријавите што пристигнуваат од граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања