Промени тема
Контакт

Бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во Центар, првачињата добиваат и ранци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library4ubkb3295dhcaeewhGE
Општина Центар

Општина Центар и во учебната 2026/2027 година ќе обезбеди бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта.

Мерката, која беше воведена минатата година, има цел да ги намали социјалните разлики меѓу учениците и да придонесе за создавање еднаква и прифатлива училишна средина за сите деца.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека униформите се дел од заложбите за обезбедување еднакви услови за сите ученици.

— реклама —

„Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат“, порача Герасимовски.

Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња облека – две маици со јака, две маици со долги ракави и јака и еден дуксер со патент.

— реклама —

Од Општина Центар најавуваат дека мерката ќе продолжи и во наредните учебни години, а бесплатни униформи ќе добиваат и новите генерации ученици.

Дополнително, и оваа година сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни ранци.

Од Општината велат дека со овие мерки продолжуваат да вложуваат во образовна средина во која сите деца ќе имаат еднакви услови за учење и развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4pt4lla3dkfb7K34bYC

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4g47phhmvc814GOsJLP

Отстранета нелегалната конструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар, пешачката патека повторно слободна

Скопје | пред 2 седмици

media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Втора вонредна дератизација за два месеца во Центар

Скопје | пред 2 седмици

media-library58d2ov06qa8j8blHX9B

Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања