Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно“, вели Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
gerasimovski-izjava

Советот на Општина Центар на продолжението на деветтата седница ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за образование за 2026 година, со што се отвора патот за почеток на првата фаза од воведувањето на бесплатен училишен оброк за учениците кои посетуваат целодневна настава.

— реклама —

Според градоначалникот Горан Герасимовски, мерката ќе се спроведува постепено. До 2028 година родителите ќе добиваат субвенција од 1.000 денари, а по истекот на постојните договори со операторите, Општината ќе распише јавна набавка за избор на еден оператор, по што ќе се премине на целосно субвенционирање на училишната исхрана.

— реклама —
— реклама —

„Ветувањето останува и од него не се откажуваме. Поради правни причини не можеме веднаш да ги раскинеме важечките договори без дополнителни финансиски последици за Општината. Затоа избравме фазен пристап, со крајна цел сите ученици во целодневна настава да добијат бесплатен оброк“, изјави Герасимовски.

Тој нагласи дека ваквиот модел е најбезбедното решение, бидејќи овозможува реализација на мерката без правни спорови и дополнителни трошоци за Општина Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања