Промени тема
Контакт

(Фото) Буњаковец предупредува: нова дупка на коловозот, граѓаните бараат реакција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarynsusmq5lho9859hEAg1
ФБ

На Фејсбук-страницата „Во одбрана на Буњаковец“ е објавено предупредување дека се појавила нова дупка на коловозот кај маркетот „Зур“, на улицата „Владимир Полежиновски“, позната меѓу постарите скопјани и како „Иван Милутиновиќ“.

Во објавата се поставуваат прашања до Општина Центар и општинскиот инспекторат дали се врши контрола на тешката градежна механизација што сообраќа по улиците и дали инвеститорите сносат одговорност за оштетувањето на коловозите и тротоарите.

— реклама —

„Контролира ли некој од Општина Центар и инспекторатот што прави претешката механизација на нашите улици? Дали инвеститорите што носат тешка механизација имаат некаква одговорност за уништувањето на коловозите и тротоарите? Кој треба да ја надомести штетата ако граѓаните ги оштетат своите возила по вакви дупки или поради нив настанат сообраќајни несреќи?“, се наведува во објавата.

Од страницата апелираат надлежните институции да излезат на терен, да го санираат оштетувањето и да утврдат дали постои одговорност за настанатата штета.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykogagmjmme840vIPtRz

(Фото) Голем број стаорци и глувци се појавиле во близина на основното училиште „Песталоци“, граѓаните бараат реакција

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryg9vrp1409p747SYSA4D

(Фото) Наместо асфалт – сообраќаен конус: Вака е „решена“ дупката кај Буњаковец

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања