Граѓани реагираат на појавата на стаорци и глувци на општинскиот паркинг кој се наоѓа меѓу ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Ј. Х. Песталоци“ во Скопје.
Фотографии од состојбата, направени на 17 септември 2026 година, беа објавени на Фејсбук-страницата „Во одбрана на Буњаковец“, од каде што посочуваат на присуство на глодари на просторот.
Граѓаните бараат надлежните институции да реагираат и да преземат мерки за расчистување и дератизација на просторот, со цел да се спречи понатамошното појавување на глодари.