Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Герасимовски: Подобри услови за учениците, во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Скопје
media-librarycb52ufsq620d7XtQMC7

Во Основното училиште „Димитар Миладинов“ во Општина Центар се спроведуваат инфраструктурни зафати со цел да се подобрат условите за учениците и вработените, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски и изврши увид во текот на градежните активности, кои се реализираат во пресрет на новата учебна година.

— реклама —

Според Герасимовски, во рамките на првата фаза се гради нова фекална канализациска мрежа, одвоена од атмосферската, со што треба трајно да се надмине долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите.

Паралелно се реконструира санитарниот јазол до спортската сала, каде што се заменуваат старите водоводни и одводни инсталации и се поставува нова санитарна опрема.

— реклама —

Опфатено е и реновирањето на машката и женската соблекувална, каде што се поставуваат нови подови и керамички плочки, а просториите дополнително се освежуваат со молерисување и уредување.

— реклама —

„Во текот на летниот период планираме санации во повеќе училишта на територијата на Општина Центар. Во ова училиште беше неопходно да се интервенира на канализациската мрежа за конечно да се реши долгогодишниот проблем“, изјави Герасимовски.

Во наредниот период е предвидена и реконструкција на покривот, како и санација на училниците на третиот кат и наставничката просторија, каде што се појавуваат протекувања.

— реклама —

Од Општина Центар велат дека со овие инвестиции продолжуваат да ја унапредуваат училишната инфраструктура и да создаваат побезбедни и поквалитетни услови за образование.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања