Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library9oakt7n7a4im4XYy32q

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во реконструкцијата на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што се реализираат активности за обнова на фасадата и замена на внатрешното осветлување.

— реклама —

Проектот, кој се финансира со заем од Светска банка, има за цел да ја подобри енергетската ефикасност на училиштето и да обезбеди подобри услови за учениците и наставниот кадар.

— реклама —

„На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска обнова. Новата енергетски ефикасна фасада и ЛЕД-осветлувањето ќе придонесат за помали сметки за електрична енергија, подобри услови за учениците и наставниот кадар и поздрава средина. Во овој период наш приоритет се реконструкциите и санациите во сите училишта во Центар, затоа што вложувањето во образованието е вложување во иднината“, изјави Герасимовски.

Со реконструкцијата е предвидено поставување камена волна на површина од речиси 2.000 квадратни метри, како и стиродур околу прозорците и вратите за подобра топлинска изолација. Предвидени се и декоративен малтер, ново колоритно решение, санација на челичните решетки и нови лимени опшивки на кровот.

— реклама —

Паралелно, ќе бидат заменети околу 300 постојни светилки со нови енергетски ефикасни ЛЕД-светилки, што ќе придонесе за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Според планираната динамика, главниот дел од реконструкцијата на фасадата треба да биде завршен до септември, за учениците и наставниците новата учебна година да ја започнат во подобрени услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања