Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери“, најави Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarypuiuhdk5q9db2H8HvwT

Општина Центар најави воведување нови дигитални услуги за паркирање, со кои граѓаните ќе можат побрзо и полесно да ги користат услугите, без потреба од чекање на шалтери.

— реклама —

Според најавите, ќе бидат развиени мобилни апликации преку кои корисниците ќе можат да поднесуваат барања, да го следат статусот на услугите, да добиваат известувања и полесно да комуницираат со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апликации преку кои корисниците ќе бидат целосно информирани и ќе можат брзо и лесно да ги користат услугите“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

— реклама —

Во рамки на проектот се планира и поставување сензорски системи кои во реално време ќе ја прикажуваат зафатеноста и достапноста на паркинг-местата. Системот ќе се воведува постепено, најпрво во монтажните гаражи, затворените паркиралишта и на најфреквентните локации.

— реклама —

Директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, информира дека паралелно ќе се унапредуваат контакт-центарот и теренската контрола, со цел побрзо постапување по пријавите и поголемо користење на електронските услуги.

Тој најави и дополнителна поволност за граѓаните кои ќе аплицираат онлајн.

— реклама —

„Еднократниот надоместок за склучување договор, кој досега изнесуваше 350 денари, ќе биде бесплатен за сите што ќе аплицираат електронски. Очекуваме значително зголемување на бројот на онлајн корисници и намалување на гужвите на шалтерите“, истакна Коцевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrdhh28j0q28q4J5G5JM

(Видео) „Од бесплатен оброк за сите ученици до субвенција од 1.000 денари – уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС“, вели Ристовска Додевски

Скопје | пред 1 час

— реклама —
media-library5173c35iblrt2B88eEX

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола

Скопје | пред 1 ден

media-library3ge82gtdb3qa0MSxlj3

Центар поставува 20 контејнери за текстилен отпад пред училишта и градинки

Скопје | пред 2 дена

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања