Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Скопје
media-libraryabonbspstph5fb4MIdx

Со едукативни работилници, предавања и театарски претстави, Општина Центар го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, насочувајќи ги активностите кон рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.

— реклама —

Во Младинскиот центар „Матично“ беа организирани работилници за родители, наставници и стручни соработници, предводени од проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова. Учесниците разговараа за препознавањето на насилството, соодветното реагирање и улогата на семејството и училиштето во неговото спречување.

— реклама —

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека врсничкото насилство не смее да се игнорира и дека родителите, наставниците и стручните служби имаат одговорност навреме да ги препознаат знаците и да реагираат.

— реклама —

Активности се одржаа и во основните училишта на територијата на општината. Учениците следеа предавања за врсничкото насилство во соработка со СВР Скопје, учествуваа во работилници под мотото „Стоп за булингот“, а дел од нив посетија и театарски претстави посветени на пријателството, прифаќањето и здравите врснички односи.

— реклама —

Од Општина Центар порачуваат дека остануваат посветени на создавање безбедна училишна средина и нагласуваат дека секое дете треба да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш може да побара помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahcq6ehhdim83wRKPi4

Двојна прослава во Скопје: Центар и Гази Баба слават 50 години од основањето

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryf4mp93l6bijj0gST1wh

(Видео) „Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?“, вели Бојаџиева Марковска

Скопје | пред 3 дена

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 1 седмица

media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања