Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ Центар за глодарите: Дератизацијата не може да ги замени собирањето отпад и одржувањето на канализацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
macki-gluvci

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ОО СДСМ Центар реагира на обвинувањата од ОК ДПМНЕ Центар во врска со појавата на глодари и дератизацијата на територијата на Општина Центар.

„За толку амбициозно татино синче, кое очигледно има големи политички планови, срамота е претседателот на ОК ДПМНЕ Центар да не ги знае ни основните надлежности на институциите во градот. Пред да испраќа сопартијци на прес-конференции да зборуваат за „15 век“, добро би било прво да провери кој за што е надлежен и да побара од институциите раководени од нивните кадри да си ја завршат работата.

Општина Центар од почетокот на годината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции, последната во август, на локации каде што беше регистрирано зголемено присуство на глодари. За понеделник е најавена уште една вонредна дератизација, додека редовната есенска дератизација ќе започне во октомври.

— реклама —

Токму тоа е разликата меѓу политички прес-конференции и одговорно раководење. Градоначалникот Горан Герасимовски не го игнорира проблемот, туку реагира на состојбата на терен и презема конкретни мерки. Кога има потреба, Општината не чека редовен термин, туку спроведува и дополнителни вонредни дератизации во интерес на граѓаните.

Фактите се јасни – Општина Центар постапува секогаш кога состојбата на терен го бара тоа. Но дератизацијата сама по себе не може да ги замени редовното собирање на комуналниот отпад, празнењето и одржувањето на контејнерите, чистењето на јавните и сообраќајните површини, како и одржувањето на канализациската инфраструктура.

— реклама —

Затоа, наместо секој проблем во Центар да го претвораат во партиска прес-конференција, од ОК ДПМНЕ Центар нека се обратат до Град Скопје и надлежните градски јавни претпријатија. Нека прашаат дали отпадот се собира навреме, дали има доволно контејнери и како се одржуваат јавните површини и булеварите.

Нека побараат и од ЈП „Водовод и канализација“ редовно да ја одржува канализациската мрежа, шахтите и сливниците во рамки на своите надлежности. Не може Општина Центар да биде виновна за сè, а другите институции да се однесуваат како да немаат никаква обврска.

Најлесно е да се застане пред камера и да се зборува за „15 век“. Малку потешко е да се научат надлежностите. А очигледно најтешко е да се побара од своите да си ја завршат работата.

— реклама —

Ако продолжат вака да ги запоставуваат своите обврски, после приказната за „15 век“, уште само диносауруси ни недостига да почнат да се шетаат низ Центар.

Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат со редовните и вонредните дератизации и со интервенции на локациите каде што ќе се утврди потреба. Тоа е одговорно работење – проблемите да не се кријат, туку да се решаваат.

Но за чиста и безбедна животна средина потребно е секоја институција да си ја врши својата работа, наместо одговорноста постојано да ја префрла на друг.

Големите политички амбиции бараат барем елементарно познавање на надлежностите. Наместо прес-конференции и политички театар, ОК ДПМНЕ Центар нека покаже малку одговорност и нека побара работа од институциите што ги раководат нивните кадри.

Граѓаните од тоа имаат многу поголема корист“, се вели во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања