Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library58d2ov06qa8j8blHX9B

Инспекциските служби на Општина Центар во изминатата недела извршија засилени контроли на 10 активни градилишта, при што биле утврдени повеќе прекршувања на законските обврски.

— реклама —

При теренските надзори, кои биле спроведени и во доцните попладневни часови, биле констатирани нарушувања на комуналниот ред и непочитување на Законот за јавна чистота. За утврдените прекршоци биле изречени шест казни во висина од по 1.300 евра.

— реклама —

Дополнително, на три локации биле отстранети блокатори и столпчиња кои биле бесправно поставени на јавни површини.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инспекциските служби продолжуваат со редовни и вонредни контроли, со цел заштита на животната средина, одржување на јавната чистота и обезбедување безбедни тротоари и улици.

— реклама —

Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да ги почитуваат законските обврски и да преземат соодветни мерки за заштита на околината, особено при изведување градежни работи во подрачја со индивидуално домување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryabonbspstph5fb4MIdx

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Скопје | пред 4 дена

media-libraryahcq6ehhdim83wRKPi4

Двојна прослава во Скопје: Центар и Гази Баба слават 50 години од основањето

Скопје | пред 6 дена

media-libraryf4mp93l6bijj0gST1wh

(Видео) „Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?“, вели Бојаџиева Марковска

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања