Свет

(Видео) Невремето го опустоши островот: дувал ветер со 200 км/ч и однел покриви, може да има илјада мртви

Околу илјада луѓе загинаа откако циклонот Чидо го погоди островот Мајот во Индискиот Океан.

– Има неколку стотици мртви, можеби ќе се приближиме до бројката од 1.000 или уште повеќе илјади, изјави префектот на Мајот, Франсоа-Ксавиер Биевил и истакна дека во моментов е тешко да се знае точниот број на загинати, пренесува Скај њуз.

Чидо предизвика голема штета во саботата, при што беа погодени и блиските острови Коморос и Мадагаскар.

Метеоролозите од Метео-Франција велат дека ова е најсилната бура што ги погодила островите по повеќе од 90 години. Ветер од 200 км/ч уништил бројни згради и им ги симнал покривите.

Главниот аеродром и болница беа исто така тешко оштетени, а многу луѓе кои живеат во небезбедни колиби во сиромашните квартови беа во сериозна опасност.

Видеата објавени од француската жандармерија покажуваат урнатини од стотици импровизирани куќи.

На почеток