Осудените конгресмени во САД останаа без право на пензија
Џо Бајден уште 20 на дена останува на претседателската функција пред официјалното инаугурирање на Доналд Трамп. Дотогаш забрзано работи да ги заокружи своите заложби и потреби.
На почетокот на овој месец, стави вето на Законот за вработување на 66 нови федерални судии, ги ублажи казните на 37 од 40-те осуденици на смрт во федералните затвори. Она за што сите со револт и потсмев говорат е издадето целосно и безусловно помилување за својот син Хантер Бајден.
Со негова одлука, осудените конгресмени го загубија правото на пензија, а белоглавиот орел стана официјален симбол на САД.
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден потпиша 50 закони.