Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од
Објавено на
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано еден прекин со водоснабдување и тоа поради промена на затворач ф-200 мм на улицата Славејко Арсов бб. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и висока зона од населбата Пржино, однос зградите над 4-ти кат, во општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.