ЈОРСМ: Коцевски е раководител на одделението за мета податоци и следење на комуникациите од 2023 година
Скопје1 побара одговори од ЈОРСМ дали по барање на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој претходно беше обвинител во тоа обвинителство бил следен Христијан Мицкоски, дали е запознаен со конкретниот случај како засегнат обвинител и дали со предметот кој го обелодени премиерот дека како опозиционер бил следен, ќе биде опфатен и обвинителот кој предложил вакви мерки до Врховен суд, од Службата за односи со јавност на ЈОРСМ го добивме следниот одговор:
„Во периодот за кој се однесуваат наводите на Претседателот на Владата на РСМ, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се уште не бил избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство ниту раководел со Одделението во ЈОРСМ за мета-податоци и следење на комуникациите. Од неговото назначување за раководител на ова одделение кон средината на 2023 година, обвинителот Коцевски оваа одговорна задача ја извршува во согласност со Уставот, законите и со максимално почитување на човековите слободи и права“, велат од Обвинителство.
Дали токму Коцевски е обвинителот кој барал следење на Мицкоски?