Пресуда за грозоморното убиство на 9 ученици и чувар: таткото доби 14,5 години затвор, мајката 3 години
Судот во Белград пресече, Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на 14-годишниот Коста Кецмановиќ кој лани изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се прогласени за виновни.
Таткото е осуден на казна затвор од 14 години и шест месеци, а мајката е осудена на 3 години затвор.
Немања Маринковиќ, инструкторот во стрелиштето каде што Коста учел да пука е осуден на една година и три месеци затвор.
Во обвинителниот акт стои дека родителите ја занемариле психичката и емоционална состојба на нивното дете и не реагирале на чувствата што ги развило откако било отфрлено и неприфатено во своето одделение.Таткото е осуден дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, а Миљана за недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите при полициската истрага во училиштето и била пронајдена биолошка трага.
Во нападот што ја згрози и изреволтира јавноста, 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби деветмина ученици и еден чувар на 3-ти мај 2023.