Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Утре пресуда за родителите на монструмот кој уби 9 ученици и чувар во училиште во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kosta-masakr-1

Година и пол по грозоморното убиство, се очекува, судот во Белград утре да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година со пиштол уби девет ученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

— реклама —

Тој рани уште пет ученици и наставничка.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, бара судот да изрече максимална затворска казна. Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување на малолетно лице.

— реклама —

Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.

— реклама —

Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за давање лажен исказ.

За Стефановиќ брачниот пар Кецмановиќ не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.

— реклама —

Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Судот ја откри психолошката состојба на Коста Кецмановиќ по масакрот

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Нова пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: 14 и пол години затвор за таткото, речиси три за мајката

Балкан | пред 2 седмици

policija-srbija

Продолжува судењето на родителите Кецмановиќ: Денеска ќе бидат прикажани фотографии од масакрот

Балкан | пред 1 месец

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Три години по „Рибникар“: момчето е во установа, постапките против родителите продолжуваат

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања