Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Продолжува судењето на родителите Кецмановиќ: Денеска ќе бидат прикажани фотографии од масакрот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
policija-srbija

Денеска продолжува судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а на рочиштето се очекува да бидат прикажани фотографии од местото на злосторството.

На судењето ќе присуствуваат и родителите на убиените деца, поради што се очекува рочиштето да биде особено емотивно и потресно.

Масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се случи на 3 мај 2023 година, кога тогаш 13-годишниот К.К. со пиштол на својот татко уби девет ученици и чувар на училиштето, а рани уште пет деца и една наставничка.

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда против родителите и постапката ја врати на повторно судење.

Во повторениот процес, на претходното рочиште сведочеше и самиот К.К.

— реклама —

Владимир Кецмановиќ првостепено беше осуден на 14 години затвор за тешко дело против општата сигурност, додека Миљана Кецмановиќ доби казна од три и пол години затвор поради недозволено поседување оружје и занемарување малолетно лице.

По одлуката за повторување на судењето, Анѓелко Аќимовиќ, татко на убиената Ангелина, изјави дека за семејствата е многу тешко повторно да влезат во судница.

— реклама —

„Многу е потресно повторно да поминуваме низ сè. Не гледам што ново би можело да се појави освен доказите што веќе беа изведени“, изјавил Аќимовиќ.

Тој тогаш додал дека очекува новиот судија да покаже повеќе разбирање за потребата родителите да ги кажат своите сознанија и да помогнат во расветлувањето на трагедијата.

Судијата претходно соопштил дека К.К. има статус на оштетен, бидејќи обвинителството ги товари неговите родители дека го занемарувале и злоставувале.

— реклама —

Владимир Кецмановиќ беше уапсен на денот на масакрот и оттогаш се наоѓа во притвор, од каде што и денеска ќе биде донесен во судницата.

Миљана Кецмановиќ се брани од слобода, но има забрана за контакти и средби со својот син, кој од 3 мај 2023 година се наоѓа во специјализирана здравствена установа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Судот ја откри психолошката состојба на Коста Кецмановиќ по масакрот

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Нова пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: 14 и пол години затвор за таткото, речиси три за мајката

Балкан | пред 2 дена

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Три години по „Рибникар“: момчето е во установа, постапките против родителите продолжуваат

Свет | пред 1 месец

f

Семејствата на загинатите ученици од „Рибникар“ бараат кривична одговорност од 12 години и санкции за родители

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања