Свет

(Видео) Десет загинати, 30 повредени: автомобил влета во толпа луѓе во Њу Орлеанс, сведоци тврдат дека и пукал кон нив

Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во толпа во Њу Орлеанс на улиците Канал и Бурбон, според официјалната градска агенција за подготвеност при катастрофи NOLA Ready, објави Си-Ен-Ен.

Се се случило на улицата Бурбон околу 03:15 часот по локално време, јавува локалната ТВ станица WGNO. Бурбонската улица се наоѓа во францускиот кварт во Њу Орлеанс. Синоќа илјадници луѓе присуствуваа на новогодишната прослава покрај таа улица.

https://x.com/lbjnola/status/1874398485707149619?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1874398485707149619%7Ctwgr%5E684cfe5fd68d4a7015b88fa111101e6b22ead697%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fautom-se-zaletio-u-gomilu-ljudi-u-new-orleansu-najmanje-10-mrtvih-deseci-ozlijedenih-svjedoci-nakon-toga-je-i-pucao-po-nama-15538572

Полицијата се уште не го прецизира точниот број на загинати, како и тежината на повредите кај лицата кои беа мета на напаѓачот.

Набрзо на лице место пристигнала брза помош, а улицата во моментов е затворена.

Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот за овој чин, ниту дали можеби станува збор за тероризам.

Си-Би-Ес Њуз јавува, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека се работи за камион, а не за автомобил, и дека возачот со голема брзина го влетал возилото во толпата на улицата Бурбон, а потоа излегол и почнал да пука. Полицијата возврати со оган.

На почеток