Свет

(Видео) Авион удрил во фабрика во Калифорнија и експлодирал, има загинати

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени кога мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Sky News. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад.

Авионот се урнал поминувајќи низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ.

Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае дали двете лица кои загинаа се во авионот или во фабриката. На осум повредени им била укажана прва помош на лице место, а десет од нив морале да одат во болница.

Потврдено е дека моделот на авион е РВ-10 со четири седишта. Тоа е втор ваков модел кој доживеа несреќа по полетувањето од истиот аеродром за два месеци.

На почеток