Македонија

Од водите на Вардар извлечено телото на четвртата жртва во тешката сообраќајка кај Рашче

Откако од водите на реката Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа.

Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините.

Вчера вечер околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадија возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од село Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

На почеток