Скопје

Скопје и на првото место по најзагаден воздух во светот

Скопје успеа да се качи на првото место во светот на листата која ги прикажува градовите со најзагаден воздух во светот, а потоа постепено да падне на 11-то место. Од многу штетен, сега воздухот во главниот град е штетен. Сите овие податоци ги покажува сервисот „IQAir“, која добива податоци од мерни станици низ целиот свет, ги сортира и рангира.

Нивото на PM2.5 во 21:58 часот беше 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација.
Зимскиот период за нашиот главен град, како и за повеќето населени места ширум земјава, неизбежно значи – рекордно загаден воздух. За жал, овој круцијален проблем станува актуелен само во зимскиот период, кога мерните станици регистрираат вредности и 50 пати над дозволените. Загадениот воздух е најопасниот надворешен фактор што придонесува за ризик од болести и прерана смрт.

Загадениот воздух ни штети на сите, но најранливи се постарите лица, децата, како и лицата со хронични срцеви и белодробни заболувања. Воздухот, како надворешниот, така и оној внатре во нашите домови, може да биде загаден. Факторите кои го загадуваат воздухот надвор се делат на природни — односно биогени, и човекови — односно антропогени. Загадувачи на воздухот од природно потекло се шумските пожари и прашината од пустините.

На почеток