Македонија

Сиљановска спушти рампа за двојазични лиценци: не им потпиша закон и им го врати во Собрание

Претседателката Гордана Силјановска Давкова не го потпишала указот за Законот за детска заштита и истиот го вратила на доработка во законодавниот дом. Со него се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Во образложението таа наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од предлог-законот.

„Потсетувам дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо се веќе уредени со закон“,се наведува во образложението од Сиљановска-Давкова, објави 360 степени.

За првото вето на претседателката се дозна од соопштение на опозициската СДСМ, која што го поздрави потегот на Сиљановска-Давкова и ја повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од овие законски измени.

Реагираше и опозициската ДУИ, од каде што велат дека станува збор за „отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија“.

Според процедурата, сега законските измени се враќаат во Собранието и ако бидат повторно изгласани со 61 глас, претседателката е должна да го потпише Указот.

На почеток